Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најтрофејниот македонски клуб Вардар и официјално потврди дека постигнал договор за соработка со тренерот Бобан Бабунски во траење од една година, односно до завршувањето на идната сезона 2018/2019.
Во минатото Бабунски како играч беше дел од Вардар, а до прифаќањето на новата улога, беше дел од Фудбалската Академија на „црвено-црните“.
„Бобан Бабунски во иднина и официјално ќе ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на Вардар. Клубот и Бабунски се договорија на соработка во траење од една година, односно до завршувањето на идната сезона 2018/2019“, стои во соопштението на Вардар.
Бабунски веќе беше на клупата на Вардар во финишот на штотуку завршената сезона и го водеше тимот на последните девет натпревари од првенството во кое Вардарци завршија на второто место на прволигашката табела, и обезбедија пласман во квалификациите за Лигата на Европа.