Официјални резултати од пописот: Резидентно население – 1.836.713 жители, вкупно попишани државјани на Македонија – 2.097.319


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Државниот завод за статистика денеска ги објави официјалните резултати од Пописот на населението и имотот на Македонија што се спроведе во земјава минатата година.

Од вкупниот број попишани граѓани, резидентни и нерезидентни, Македонци се 54,21%, Албанци, 29,52%, 3,98% Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи. Ова се резултатите од Пописот на населението и домаќинствата спроведен во текот на минатата година во Северна Македонија. Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население, а 260.606 лица се нерезидентно население.

Од резидентното население како Македонци се изјасниле 58,48 отсто од граѓаните, 24,3 се Албанци, 3,86 се изјасниле како Турци, 2,53 како Роми, 0,94 отсто се Власи, а 0,87 отсто Бошњаци.

Од нерезидентното население, пак, што значи македонски граѓани кои се надвор од државата повеќе од 12 месеци и странци кои се во земјава помалку од 12 месеци, 24,45 отсто рекле дека се Македонци, а 66,36 Албанци, 4,79 се изјасниле како Турци, 1,02 Роми 0,19 Власи, а 0,35 Срби.

Директорот на ДЗС, Апостол Симовски рече дека успешно и професионално е завршен процесот на попишување на населението домаќиствата и становите.

– Успешен и професионален завршен Попис во 2021 година. Податоците ги објавуваме во предвидениот 6 месечен период, нагласи Симовски.

Во земјава се евидентирани 598,632 домаќинства, 839,174 станови. Најмзла општина е Зрновци до 2.086 жители, а најголема е Куманово со 98.104 жители. Во споредба со пописот од 2002 година, бројот на жители е намален за 185.834 или 9,2%. Во Скопје живеат 526.502 жители и нивниот број е зголемен за 3,9 %.