Официјална Москва тврди дека украинските војници ги напуштаат позициите пред руската офанзива – засега нема доказ за ова


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Официјална Москва упорно тврди дека нејзините воени сили не напаѓаат градови.

Украинските војници ги напуштаат своите позиции пред руската офанзива, тврди Москва, инсистирајќи дека нејзините вооружени сили не ги напаѓаат градовите и не претставуваат „никаква закана“ за цивилите.

Засега нема никаков доказ за ова тврдење.

Во соопштението објавено утрово, претставници на одбраната рекоа дека „според разузнавачките податоци, единиците на украинската армија и војниците масовно ги напуштаат своите позиции, положувајќи го оружјето“.

Според соопштението, „позициите на вооружените сили на Украина што го положија оружјето не се напаѓаат. Руските вооружени сили не ги напаѓаат украинските градови. Нема закана за цивилното население“.

Москва вели дека голем број воени цели, вклучувајќи аеродроми, одбранбени инсталации и авиони биле погодени со „високопрецизно оружје“ како дел од „специјалната операција“ наредена од претседателот Владимир Путин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи воена состојба во земјата, апелирајќи до граѓаните да останат смирени и да останат дома.

Странските лидери ги осудија постапките на Москва, а американскиот претседател Џо Бајден рече дека Русија објавила „војна со предумисла“, што ќе доведе до „катастрофална загуба на животи и човечко страдање“.