Официјален тест на летечкиот мотоцикл Xturismo


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Летечкиот футуристички мотоцикл „Xturismo“, дизајниран и изграден од јапонската фирма „A.L.I. Technologie“s, го имаше својот официјален пробен тест над тркачката патека во близина на Токио, пред очите на претставниците на медиумите и другите гости.

Неговите креатори тврдат дека „Xturismo“ може да достигне брзина до 100 км/ч и да лета до 40 минути, но во неодамнешниот лет кој беше демонстрација на можностите, пилотот беше прилично претпазлив.

Тој полека летал по пистата изведувајќи неколку свртувања во кои возилото се ротирало за 180 степени.

Леталото со едно седиште, тешко 300 килограми, го придвижуваат шест комплети пропелери и мотор со внатрешно согорување.

За време на својот краток лет изгледаше доволно стабилно, но гледачите беа лишени од неколку дополнителни маневри и малку поголема брзина.

Говорејќи на настанот, извршниот директор „A.L.I. Technologie“s, Даисуке Катано зборуваше амбициозно за визијата на компанијата за нејзиното летало, велејќи: „Би сакале да предложиме нов начин на живот со ова лебдечко возило“.

Летечкиот мотоцикл ќе биде пуштен во продажба следната година за околу 680.000 долари, а компанијата првично планира ограничена серија од 200 примероци.

Сепак, пред да се издигне на небото на јавно место, локалните регулатори ќе мора да му дадат зелено светло на овој уред .