Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прашање од CNN на редовна онлајн конференција, изјави дека нема шанси рускиот претседател Владимир Путин да ѝ објави војна на Украина на 9 мај, Денот на победата, отфрлајќи ги таквите наводи како „глупости“.
Прашањето кое го доби Песков беше „какви се шансите Путин да објави војна на Денот на победата?“, на што тој одговори: „Никакви“, додавајќи „не, тоа е глупост“.
Песков ги отфрли обвинувањата дека Путин може да го искористи Денот на победата за да објави мобилизација во земјата, што ќе ѝ овозможи на владата не само да собере воени сили, туку и да ја стави економијата на воена основа, пренесува порталот „Денес“.
Аналитичарите и западните претставници претходно изјавија дека веруваат дека Путин сега официјално ќе објави војна на 9 мај, откако двомесечната инвазија на Украина ја нарече „специјална воена операција“.
Секоја година на 9 мај, Русија ја слави победата над нацистите во 1945 година и е еден од најважните празници во земјата. Се шпекулираше дека Путин се подготвува за важна изјава која може да варира од потенцијално директно објавување војна до објава на победа.