Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Официјален Кремљ соопшти дека ќе го почека објавувањето на официјалните резултати од изборите во САД за да му го честита изборот на Џо Бајден, потенцирајќи дека ја забележал најавата на претседателот Доналд Трамп за правно оспорување на пребројувањето на гласовите.
Рускиот претседател Владимир Путин не дал изјава за изборите во САД, откако демократот Џо Бајден прогласи победа во саботата, четири дена по изборите на 3 ноември.
Зборувајќи пред новинарите преку видео врска, портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков, рече дека Москва верува дека е подобро да се почека за официјални резултати пред да се коментира.
Песков додаде дека Путин повеќе пати изјавил дека е подготвен да соработува со секој американски лидер и дека се надева дека Русија ќе успее да воспостави дијалог со новата американска влада и начини за нормализирање на односите.
Односите меѓу Москва и Вашингтон во 2014 година паднаа на најниско ниво од Студената војна откако Русија го анектираше украински Крим. Бајден во тоа време беше потпретседател на Барак Обама.
Претседателот на руската изборна комисија оцени дека предвременото гласање во САД обезбедува „огромен простор“ за изборна измама, пренесува агенцијата Франс Прес.
„ Во минатото ми беше дадена можност темелно да го проучам искуството со предвременото гласање во САД. Сè ми е јасно: тоа е анахронизам што во американската верзија отвора огромен простор за можни фалсификати”, изјави Ела Памфилова за руската агенција ТАСС.