Официјален Берлин одбива да ги бојкотира енергенсите од Русија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Германскиот канцелар Олаф Шолц по втор пат ги отфрли повиците на бојкот на снабдувањето со руски енергенси по нападот на Русија на Украина.

Шолц кажа дека санкциите кои ѝ се воведени на Русија веќе влијаат на нејзината економија и дека тоа со секој ден ќе биде сè подраматично.

Тој додаде дека санкциите се смислени да бидат подносливи за тие што ги воведуваат, и тоа долгорочно, и дека поради тоа ставот на Германија за енергетски бојкот останува непроменет.

Шолц кажа дека Германија работи на диверсификација на снабдувањето со енергија и дека, иако за тоа ќе биде потребно време, тоа на крајот ќе има ист ефект како бојкот.

Европските земји ѝ плаќаат на Русија милиони долари секој ден за фосилни горива. Киев тврди дека оваа трговија ефективно ја финансира војната на Русија против Украина.