Официјлано: Тевез стана најплатен фудбалер во светот!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Аргентинецот Карлос Тевез официјално стана најплатениот фудбалер во светот откако потпиша двегодишен договор со Шангај Шенхуа вреден 80 милиони евра.

Втор пат во кариерата Карлос Тевез ја напушта Бока Јуниорс, клубот во кој рече дека ќе се пензионира и за кој навива од дете.

Овој пат на такво нешто го принудија кинеските пари, Тевез добива огромно богатство со кое станува најплатен играч во светот.

„Бока Јуниорс постигна договор со Шангај Гринланд Шенхуа за трансфер на Карлос Тевез, почитувајќи ја желбата на играчот да ја продолжи својата фудбалска кариера на азискиот континент“, стои во соопштението на аргентинскиот клуб.

Доаѓањето на Тевез е вториот голем трансфер во зимскиот преоден рок кој го реализираа тимовите од Шангај, откако претходно Шангај СИПГ за 70 милиони евра го купи Бразилецот Оскар.

Тевез во наредните денови ќе му се приклучи на тимот на јапонскиот остров Окинава, каде Појет ги подготвува играчите за новата сезона.