Официјално: Аврамовски потпиша за Олимпија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Даниел Аврамовски, член на репрезентацијата на Македонија до 21 година, кариерата ќе ја продолжи во Олимпија од Љубљана.

Аврамовски, со актуелниот шампион на Словенија, потпиша трогодишен договор за месечна плата од 10.000 евра, пренесоа медиумите од оваа земја. Соиграч во новиот клуб ќе му биде помладиот од браќата Бабунски, Дориан.

Аврамовски кариерата ја започна во Работнички, а потоа играше во Србија, во ОФК Београд и Црвена Звезда. Во тимот на српскиот шампион тој за две години не доби вистинска шанса, одигра само 12 натпревари и постигна еден гол.

Аврамовски е дел од младата селекција на Македонија, за која има одиграно 13 натпревари.