Офанзива на севернокорејски шарм: Навивачките од Северна стигнаа во Јужна Кореја


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Севернокорејските делегати, вклучително и околу 230 навивачки, пристигнаа во Јужна Кореја за претстојните зимски Олимписки игри кои ќе се одржат таму. Се очекува на делегацијата да се придружи и сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун.

Екипа од 229 навивачки денес пристигнаа во Јужна Кореја како дел од делегацијата од Пјонгјанг која брои вкупно 280 члена. Тие се видени на еден од најголемите гранични премини помеѓу двете Кореи.

Жените беа сите облечени во црвени палта и крзнени зимски шапки, а беа пречекани од голема група фоторепоретери за време на нивното пристигнување во луксузниот хотел со 4 ѕвезди во Инџи, кој се наоѓа на околу 2 часа возење од местото каде што во петок ќе се отворат зимските Олимписки игри.

Навивачките пристигнаа заедно со 26 таеквондо борачи, 21 новинар и четири члена од севернокорејскиот  Олимписки комитет, вклучително и Министерот за спорт Ким Ил-гук.

Официјален Пјонгјанг изјави соопшти дека сестрата на лидерот Ким Јон-ун, Ким Јо-јонг, ќе присуствува на церемонијалното отворање на Олимпијадата.

Во јануари Сеул и Пјонгјанг направија први преговори после две години. Тие резултираа со договор за учество на Северна Кореја на зимските Олимписки игри како и за обединет женски хокеј тим на игрите.