Одземена концесијата на „Еуромакс“ – стопирано отворањето на рудникот Иловица


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со одлуката усвоена на денешната владина, се одзема концесијата на „Еуромакс“ за рудникот Иловица.

Во информацијата која ја доставило Министерството за економија пишува дека компанијата не ги доставила сите потребни документи кои се бараат согалсно Законот за минерални суровини за добивање на дозвола за експлоатација. Поради ова „се одбива барањето за издавање на концесија за експлоатација на минерална суровина бакар и злато на локалитетот „Иловица“.

Од невладината организација „Здрава котлина“ ја поздравија одлуката на Владата како вистинска согласно законите на државата, но сепак ќе почекаат 15 денови за и конечно да се одземе првата концесија за рудникот Иловица-Штука.

„Ова е огромна победа на граѓаните, локалните жители, активистите и претставува светол пример каде граѓаните во нерамноправна битка се избориле за своите права наспроти големи корпоративни интереси со огромни ресурси и логистика. Посебно им благодариме на локалните жители на Иловица и Штука, на сите граѓани во Струмичко, Југоистокот и цела држава, на активистите и еколошките организации од другите градови, на новинарите и на сите оние што не поддржуваа во оваа битка.

Постои и втора концесија која истекува во јануари 2020, за што ја охрабруваме Владата истото да го направи и со втората концесија. Ова е шанса за конечно да почнат да функционираат институциите во полза на граѓаните, а не само во полза на профитерските и безобзирни компании и поединци“ велат од Здрава котлина.

По ваквата владина одлука, тие ќе ги прекинат блокадите пред рудникот кои траеа со недели и нaјавија дека откако официјално ќе биде одземена концесијата ќе организираат голема журка.