Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ѕинго е познат и докажан љубител на народната музика и песни, па фолк пејачките на чии што настапи бил присутен го опишуваат како гостин пред кого им е мерак да пејат. Така на пример, пред извесен период, за време на забава во хотел ,,Кратис’’ – Кратово, Ѕинго и неговото весело друштво ги забавувала фолк пејачката Ани Малинкова. Тогаш таа ни изјави дека Љубисав не е од оние политичари кои што само ,,вратат’’ со марамчето, туку знаел и да го одврзе ќесето и да даде некоја илјадарка кога ќе му ја погодат песната, пренесува Фокус.
,,Фотографиите со Ѕинго се направени во Кратово, на забава. Како што може да се види, атмосферата беше доста загреана, а негова омилена песна која што ја испеав неколку пати беше ,,Мајка на Марика’’. Нормално дека летна и некоја илјадарка бакшиш, сите беа расположени. Но тоа не беше прв пат да пејам пред некој политичар“, вели фолкерката по потекло од Кавадарци, која долги години живее во Скопје.