Oдржана конференција на тема „Вакцините во 21 век – предизвици со кои се соочуваме”


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во периодот 20-21 септември, 2019 година се одржа конференција на тема Вакцините во 21 век – предизвици со кои се соочуваме во Јавна соба, Скопје. На настанот присуствуваа околу 150 гости, но за жал не беа присутни претставниците од Министерствата за здравство и образование и од Институтот за јавно здравје, се вели во соопштението испратено од здружението „Од нас за нас“.

Главни заклучоци кои произлегоа од конференцијата е дека е потребно:

– Да се почитува правото на избор при секоја медицинска интервенција (вклучувајќи ја и вакцинацијата) кое го уживаме согласно сите закони и меѓународни конвенции;

– Да се почитува информирана согласност пред вакцинацијата односно секој родител да ги добие информациите пред секоја вакцинација и да одлучи согласно своите убедувања;

– Да се формира македонска национална лабораторија за контрола на квалитот на вакцините;

– Да се спроведува вистинска статистика на нус појавите кои се појауваат кај одредени лица на кои се применува вакцинацијата;

– Да се офрмира фонд за обештетување на лицата кои претрпеле одредени нус појави про вакцинацијата.

Во Македонија се спроведува незаконска присилна вакцинација над децата и дискриминација на оние кои не сакаат да бидат вакцинирани; поединците се изложуваат на ризик од сериозни задравствени последици и смрт, под изговор дека се штити јавното здравје; колективниот имунитет е мит; успешноста на вакцинацијата е најголемата научна измама на 20. век; никаде во светот не постојат студии што го следат здравјето на децата после вакцинирање; лекарите не се заинтересирани да ги читаат студиите врз основа на кои вакцините се пуштени во употреба; никој не превзема одговорност кога нешто ќе тргне на лошо после вакцинацијата, се само дел од поентите што беа изнесени.

Првата сесија беше посветена на правните и социолошките аспекти на задолжителноста/присилноста на одредени медицински интервенции, пред сè вакцинацијата, дискриминацијата на невакцинираните во однос на вакцинираните деца во контекст на меѓународното право, како и правата и обврските кои произлегуваат од Уставот и законите.

Модераторот на сесијата 1, Гордана Гоџо, претседател на здружението ОД НАС ЗА НАС Скопје, даде вовед во околностите под кои се прогласи епидемија и сето она што се случуваше со градинките во периодот од јануари досега, како и при упис во новата учебна 2019/2020 година, сите незаконитости и патешествија со кои се соочија родителите во овој период. Посебно беше даден акцент на различноста во постапувањето на Државниот Просветен Инспекторат (ДПИ) лани и оваа година во услови кога членовите од Законот за основно образование (стар и нов) каде се дефинира потврдата за примени задолжителни вакцини се потполно исти. Сериозноста на незаконитото постапување на ДПИ е уште поголема со оглед на тоа што во новиот Закон за основно обраование посебно е нагласена забраната за дискриминација во самиот образовен процес и при упис по секоја основа, вклучувајќи и здравствен и друг статус.

Беше даден осврт и на неколку судски пресуди за надомест на штета од нашите судови за претрпени нус појави кај лица на кои биле аплицирани вакцини, како директна последица од вакцина или неправилно применета вакцина..

Адвокат Љупка Еленова даде осврт на членови од Уставот, Законот за спречување и заштита од дискриминација, Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за образование, Законот за заштита на децата, Решението од Уставен суд од 8.10.2014 година и Законот за заштита на правата на пациентите. Особено ги нагласи меѓународните конвенции ратификувани од страна на Република Македонија, и тоа:

Конвенција за заштита на човековите права и достоинството на човечксото суштество во однос на примената на биологијата и медицината, каде се вели:

член 2

Првенство на човечкото суштество: Интересите и добросостојбата на човечкото суштество ќе преовладуваат во однос на единствениот интерес на општеството или науката.

член 5

Општо правило: Интервенција во областа на здравството може да се изврши ЕДИНСТВЕНО кога засегнатото лице доброволно ќе се согласи на тоа, врз основа на дадена информација

Конвенцијата за правата на детето на ООН и Конвенцијата за остварување на правата на децата

• Државите членки му го признаваат правото на детето на образование и поради постепено остварување на ова право врз основата на еднакви можност, посебно:

a) Го прогласуваат основното образование за задолжително и бесплатно за сите.“

Конвенцијата против дискриминација во образованието

член 3

• Со цел за укинување и спречување на секоја дискриминација во смисла на оваа

Конвенција, државите членки се обврзуваат:

• а) да ги укинат сите законски и управни одредби и да ја прекинат секоја управна практика која допушта дискриминација во областа на просветата;

б) да преземат потребни мерки, по потреба законодавни, за да не се спроведува никаква дискриминација при приемот на учениците во школите.
Вториот гостин – предавач на сесија 1, адвокат Нина Атанацковиќ Суломар од Нови Сад, Србија посебно се осврна на Европската конвенција за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината во биомедицината донесена од Советот на Европа, а ратификувана во Собранието на РМ со Закон (Службен весник на РМ бр. 55/2009) – Овиедо, 4.4.1997, наведена и погоре.

Заклучок од ова предавање беше дека казнувањето на граѓаните кои не ја прифаќаат спорната превентивна, медицинска мерка, со која притоа, можат да бидат озбилно повредени и здравствено оштетени,, па дури и трајно или животно оштетени, е кршење на нивните права и доведување до уцена во ситуација на недопуштено загрозување на егзистенцијата и социјалниот статус на целото семејство. Санкции поради чинот на одбивање на вакцинација може да настанат само ако со тој чин се предизвикала фактичка опасност, а не и поради некакво хипотетичко, можно загрозување, нешто што можеби и никогаш нема да се случи.

Беа презентирани и неколку пресуди од Европскиот суд за човекови права во Стразбург пресудени во корист на тужителите за дискириминација.

На сите паузи помеѓу сесиите можеа да се забележат слајдови од собрани сведоштва на родители (претставени со иницијали) кои на своја кожа или кај своите деца ги почувствувале нус појавите наведени во упатствата на вакцините. Вакви сведоштва имаше околу педесет.

Последниот гостин предавач во оваа сесија, и воедно за првиот ден, адвокат Милина Дориќ од Нови Сад, Србија говореше за Принципот на еднаквост и еквивалентност во правото; одговорност за создадениот ризик, дискриминација на здравите во однос на пациентите со контраиндикации, незаконското заплашување на лекарите кои се борат за правата на пациентите, со закани дека поради извршување на своите должности ќе останат без работата. Таа посебно нагласи дека здравите деца немаат обврска да преземат одговорност за ризикот кој го створил некој друг.

На втората сесија, на 21 септември учество зедоа д-р Лидија Гајски (интернист, Хрватска), д-р Среќко Сладољев (имунолог, Хрватска), проф. Владимир Трајковски (хумана генетика, Македонија), д-р Јована Стојковиќ (психијатар, Србија), Матеја Чернич (социолог, Словенија), д-р Алма Демировиќ (патолог, Хрватска), д-р Јадранка Бибан (Македонија) и Весна Симонова (Македонија), а поканетите здравствени работници од Македонија д-р Венко Филипче, д-р Катерина Ставриќ, д-р Владимир Микиќ (единствен одговори дека за жал, овој период е зафатен), д-р Шабан Мемети и д-р Александра Гроздановска, за жал, не се одговорија не дојдоа.

– Д-р Лидија Гајски рече дека нема докази дека вакцинацијата ги искоренила заразните болести, како што се тврди, туку дека тие се намалиле заради други околности, меѓу кои и поради подобрените здравствено-санитарни услови.

– Дифтеријата е скоро ерадицирана, причинителот на тетанусот живее во изметот на големите домашни животни и во земја, а се развива во анаеробни услови во нечисти рани. Комликациите од пертусис се ретки, полиомиелитис е цревна зараза што се јавува во услови на ниски санитарни услови и пренаселеност, хепатитис Б е болест на ризичните групи, зависници и хомосексуалци, а се дава на бебињата при раѓање. ХИБ може да развие потешка слика на болеста, но тоа е ретко, сипаниците се детска болест што со добра нега ретко завршува со комликации или смрт, заушките поретко можат да предизвикаат неплодност и губиток на слухот, а рубеолата има значење само за трудниците, односно за фетусите итн. Дали вакцинацијата, онаква каква што ја имаме денеска е оправдана? Некои болести со динамиката што ја имавме пред ерата на вакцинацијата веројатно ќе исчезнеа сами од себе. Вакцините може да бидат штетни, па дали е рационално да се создаваат нови здравствени проблеми, а епидемиите на краткотрајни заразни блести да ги замениме со епидемии на тешки, доживотни дегенеративни болести? – рече д-р Гајски.

– Исто, таа истакна дека вештачкиот имунитет е помалку квалитетен од природниот, па сѐ повеќе од сипаници ќе се разболуваат постарите лица и доенчињата. Постарите, затоа што го изгубиле вештачкиот имунитет, кој е краткотраен, а доенчињата, затоа што не добиле квалитетен имунитет од нивните вакцинирани мајки. Таа се запраша и дали е воопшто реално и паметно да се искоренат заразните болести и изнесе факти зошто е мит постоењето на колективниот имунитет, врз основа на кој е воведено задолжотелното вакцинирање.

– Концептот на колективниот имунитет нема научна основа. Прво се сметаше дека се потребни 60% вакцинирани, па 80, еве сега и 95% од популацијата треба да се вакцинирани за да има колективен имунитет, а гледаме дека епидемиите цело време се појавуваат – рече меѓудругото д-р Гајски.

Имунологот д-р Среќо Сладољев се задржа на начините на кои вакцините го збунуваат имунитетот на бебињата, кој заради дејството на вакцината е активен долго време после вакцинацијата. Тој зборуваше за штетните ефекти од вакцините што се последни опишани во науката, како „сигнална бура“ поврзана со интерфероните и синдромот АСИА, кој е поврзан со аѓувансите во вакцините.

– Аѓувансот, односно засилувачот во вакцината постои за да предизвика продолжено дејство на лажната инфекција. После вакцинацијата во организмот има иста ситуација како да сте заразени, заради што има зголемен имунолошки надзор, кој не се смирува долго време, за разлика од природните зарази во кои имунолошкиот одговор откако ќе ја заврши работата, се повлекува. Зголемениот имунолошки надзор трае сѐ додека трае дејството на вакцината, а тоа не е функционално, ниту физиолошки. Организмот нема потреба постојано да е во акутна и хистерична потрага по заразата која ја нема и не може да ја елиминира. Тоа не е природно. Вакцината е така конципирана, тоа е целта на засилувачите и имунопровокаторите, да има продолжена лажна инфекција која трае долго сѐ додека тие биолошки не се разградат. Тоа трае и до една година. И сега? До колку дена ние ќе ја следиме реакцијата на вакцините кај бебињата? Само до три дена? Или за целиот период додека имунопровокаторот од вакцината е во организмот? А колку вакцини се ставаат? Децата се доведени во акутен ризик да специфично одговорат на соптвените ткива бидејќи имуноровокаторот може да се препознае исклучиво со истовремено препознавање на сопствените ткива. Науката не познава ниту една друга можност на специфичен, во оваа ситуација, автоимун одговор. Црвенило, температура? Па тоа е само убодна манифестација на вакцината. Медицината и науката признаваат и познаваат дека долготрајните инфекции се причина за автоимуните болести. Во овој случај псотои аналогија – рече меѓудругото д-р Сладољев.

Почитувани медиуми,
Просторот е краток за да се изнесат сите поенти на нашите гости на дводневната конференција, која заинтересираната публика може да ја види на следниот линк:
(https://www.youtube.com/channel/UCUEeyU77hj7ZoachZY_ezDA).

Ви благодариме за досегашниот интерес на оваа тема и за вашето учество во изнесувањето и на втората страна на темата за задолжителната вакцинација. Медицинската струка не е едногласна околу безбедноста и ефикасноста на вакцините, а на граѓаните не само што им се ускратува загарантираното право на информиран избор и одлука за каква било медицинска интервенција, туку откако ќе настане штета од присилната вакцинација, ниедна институција не превзема одговорност.

Со почит,

Претседател, Гордана Гоџо