Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Европската ракометна федерација (ЕХФ), денес ги објави термините во кои ќе се играат четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите.
Четвртфиналната фаза ќе ја отворат Фленсбург и македонскиот шампион Вардар. „Црвено-црните“, во походот кон Келн, најпрвин ќе гостуваат во Фленсбург, а потоа ќе го пречекаат поранешниот европски првак во Скопје.
Фленсбург ќе го пречека Вардар во сабота на 22.април од 17:30 часот, а реваншот во Скопје е на 27.април, а почетокот е закажан за 19 часот.
Својот прв четвртфинален натпревар на 22.април ќе го одиграат Веспрем и Монпелје, реваншот во Франција е на 30.април.
Ден подоцна, на 23.април, своите први натпревари ќе ги одиграат Кил и Барселона, односно Пик Сегед и ПСЖ.