Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал пред неколку години го сруши клупскиот рекорд, откако го донесе Герет Бејл од Тотенхем, а Кралевите повторно сакаат да направат голем трансфер во соработка со Спарси, со оглед на тоа дека сакаат да го купат Кејн.
За првиот стрелец во Премиер лигата, заинтересиран е и Манчестер Јунајтед, чиј менаџер, Жозе Мурињо смета дека во тандем со Ромелу Лукаку, Кејн би бил најопасен.
Меѓутоа, Кејн моментално е поблиску до Реал Мадрид, а претседателот на Тотенхем, Даниел Леви ја соопшти и цената за својот голгетер. Доколку Реал навистина го сака Кејн, ќе мора да плати 300 милиони евра.
Кејн, кој постигна 18 погодоци на 20 натпревари во Премиер лигата, би го надминал и Нејмар кој во моментов е најскапиот играч на светот. Инаку, првиот човек на Реал, Флорентино Перез секако сега би сакал да се реваншира со Барселона до некаде, која синоќа објави дека за 160 милиони евра е договорен трансферот на Филипе Кутињо од Ливерпул.