Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На Твитер се појави снимка која преплаши многумина. На неа се гледа едно дете, чиј одраз во огледало изгледа дека се мрда побрзо од него.
Дете си го плазеше јазикот и се гледаше во огледало во својот дом во Сан Антонио, додека неговата мајка го снимаше. Снимката ја објави на Snapchat, а многу брзо заврши и на Твитер каде стана вирална – за само неколку дена ја погледаа скоро 4 милиони луѓе.
the more i watch this, the crazier it gets. ? pic.twitter.com/f8MQ9ahRhY
— jolynn ? (@satxjolynn) August 20, 2018
Корисниците на Твитер имаа безброј коментари: „Така почнуваат хорор филмовите“, „никогаш не сум видел огледало кое има 5 секунди временско растојание“, а еден корисник забележа дека огледалото не може да има “delay”, со оглед на тоа дека изгледа како рефлексијата се движи побрзо.
Авторката на снимката објасни дека комбинацијата од аголот на огледалото и позицијата во која седела таа создала илузија.