Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бившата соработничка на Трамп, Омароса Маниголт Њуман, во својата книга „Пореметен“ го опиша американскиот претседател нарекувајќи го сексист и расист, човек полн со предрасуди кој со својата ќерка има изопачен однос.
Омароса работеше во канцеларијата на Доналд Трамп до минатата година, следејќи го повеќе од десет години и сега напиша мемоари во кои, меѓу другото, проговори и за Трамповиот чуден однос со ќерката Иванка.
„Лесно е да забележите дека Иванка е негова миленичка. Во 2006 за неа изјави: Кога Иванка не би ми била ќерка, би се обидел да ја заведам. Не е ли тоа страшно? Откога го познавам Трамп, набљудував како ја гушка и допира својата ќерка, како ја бакнува и нејзиниот начин на кој го вика тато. Според мене, врз основа на набљудувањето кое имав можност да го правам, нивниот однос оди до граници на нормалниот однос меѓу татко и ќерка и буквално се движи по работ на истиот“, напиша Маниголт Њуман во својата книга.
„Трамп е посесивен кон својата ќерка, а таа го користи статусот на татино девојче за да си тера по свое. Спротивно на нејзината слика во јавноста, Иванка има поган јазик“, пишува Омароса за ќерката на Трамп и за самиот американски претседател, потсетувајќи се на говорот на Иванка на Републиканската национална конвенција во 2016 година, кога Трамп ги спушти рацете на нејзините колкови.
„Си помислив во себе: Кога ќе престанете вие?“, признава авторката. Таа до лани беше дел од неговиот тим, кога ја напушти екипата и претседателот и реши да проговори за сè што знае во врска со него од периодот додека му била соработничка.