Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако во понеделникот на интернет се појави секс снимка во која Блек Чајна е главна улога, нејзините адвокати веќе се јавија во полиција.
Идентитетот на мажот на снимката која трае 1 минута и 23 секунди не е познат, а адвокатот на танчерката и реалити ѕвезда Валтер Мозли тврди дека неговата клиентка е жртва на одмаздничка порнографија.
„Уморен сум од зборување на своите клиентки да не прават снимки бидејќи мажите можат покасно да ги извлечат“ напиша адвокатот на Инстаграм.
„Тоа е како жената да не носи кратки сукњи, бидејќи со тоа ги поттикнува мажите да ја силуваат.“.
Не е прв пат 29 годишната Блек Чајна да се најде на сред секс скандал. Нејзиниот бивш вереник Роб Кардашијан објави одмаздничка порнографија после нивниот бурен прекин. Како резултат на тоа, Чајна ангажираше адвокати и ги тужеше семсјтвото Кардашијан бидејќи сметаше дека сакаат тие да ја уништат.