Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Едик од украински Киев, со месеци буквално ги реметел и излудувал своите комшии со прегласната музика која ја пуштал. Типот инаетливо ги игнорирал предупредувањата од соседите за реметот кој им го приредувал.
На крајот, еден од соседите решил дека е доста да ги трпат неговите лудории и ги зел работите во свои раце. Имено, безбедносната камера на зградата го снимила моментот на пресметката со безобразниот Едик кој другите ги малтретирал со бучавата од својот стан.
На вратата на младото момче заѕвонила една млада девојка, додека мажот, инаку нејзиниот татко, се сокрил зад вратата. Кога момчето ја отворило вратата и почнала да разговара со него, тогаш нејзиниот татко влегол во станот и го нападнал момчето.
„Добро, дали се наслуша доволно музика?“ – го прашувал напаѓачот момчето кое лежело на подот додека овој го удирал со нозете.
Откако снимката се рашири низ социјалните мрежи, останатите соседи признале дека момчето по име Едик подолго време ги малтретира со прегласна музика, меѓутоа сметаат дека таткото на девојката претерал со својата реакција. На човекот кој реши да му се одмазди на безобразниот комшија сега потенцијално му се заканува кривична пријава.
„Не знам дали жртвата ќе го тужи напаѓачот, но мислам дека, доколку ги идентификуваме, ќе бидат казнети“, изјави една комшивка.