„Одложувањето“ на утринскиот аларм влијае штетно врз нашиот организам


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Релативно лошата навика редовно да посегнувате по копчето за одложување на алармот бидејќи ви е потребен дополнителен сон, се покажала како штетна за нашиот организам.

Одложувањето на алармот може да влијае на здравјето на кожата, имунолошкиот систем, па дури и на репродуктивното здравје. Еве како оваа навидум безопасна влијае на нашиот организам.

Може да влијае на циклусот на спиење

Околу два часа пред навистина да се разбудите, нашето тело почнува да се подготвува за почетокот на денот. Телесната температура се зголемува и во организмот се лачи кортизол, хормон кој го помага будењето. Едно истражување на речиси 20.000 испитаници покажало дека редовното одложување на алармот за дополнително да поспиеме и да добиеме повеќе енергија во текот на денот, доведува до хроничен недостаток на сон, па се чувствуваме поспано и уморно уште долго време по будењето.

Лошо е за здравјето на цревата

Ако нашето тело не е сигурно кога е време за спиење и будење, поголема е веројатноста ноќта да ја поминеме превртувајќи се и спиејќи помалку отколку што ни е потребно, пишува порталот brightside.me. Ова може да влијае на нашето општо здравје, да доведе до нарушувања на метаболизмот и да предизвика зголемување на телесната тежина.

Се намалува квалитетот на кожата

Постојаното лишување од сон го зголемува нивото на кортизол во нашето тело, а тоа, пак, доведува до проблеми со кожата и покрај грижата за неа.

Може да влијае на имунолошкиот систем

Дополнителните минути на сон може да изгледаат примамливо. Но, постојаниот недостиг на сон ги ослабува одбрамбените механизми на организмот, па имунолошкиот систем не може ефикасно да се бори против вирусите.

Може да го наруши менструалниот циклус

Неправилните обрасци на спиење влијаат на нашите репродуктивни хормони, кои се одговорни за менструацијата и овулацијата. Недоволниот сон предизвикува хроничко зголемување на нивото на кортизол, хроничен стрес, а тоа може да предизвика неправилни циклуси, или дури и изостанување на менструацијата.