Одложено рочиштето за „Талир“ – Илија Димовски бил во Брисел


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поради отсуство на обвинетиот Илија Димовски, судското рочиште за предметот „Талир“, што се однесува за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ е одложено за 7 март.

Како што информираше судијата Шабани, Димовски писмено го известил Судот дека е спречен да присуствува на рочиштето, бидејќи како пратеник и шеф на собраниската делегацијата во Парламентарното собрание на НАТО ќе учествува на заеднички состанок на комитетите, што ќе биде одржан од 17 до 22 февруари во Брисел.

Обвинението за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ е поднесено против Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска.

На Чингаровска нема да и се суди бидејќи доби двегодишна условна казна откако призна вина.

Во судницата остана празно и местото на Груевски, кој избега во Унгарија, но за сите процеси му се суди во отсуство. Од куќен притвор беа донесени Божиновски, Јанакиески и Ристовски.