Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пратеникот од владините редови,Павле Богоевски, како претседател на собраниската Комисија за мандатно-имунитетни работи, одлучи да се одложи комисиската седница за разрешување на Никола Груевски од неговата пратеничка функција, иако најпрво изјави дека истата ќе се одржи в понеделник.
Тој побарал состанокот да се одложи на неколку дена. На пратеникот Никола Груевски, по шестмесечното неоправдано отсуство, му следува разрешување.
Според Деловникот рокот за одржување на седницата на комисијата истекува првите денови од јуни.
Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Богоевски по отворање на скандалот со неговата наводна набавка на кокаин или масло од канабис за медицински цели.
Претседателот на Собранието Талат Џафери не ја прифати иницијативата на 8-те независни пратеници доброволно да се спроведе нарко тестирање на народните избраници.