Одложено денешното судење на Груевски – нема да го прими ни решението за во затвор


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претходно, на крајот од минатата работна недела, од Кривичниот суд најавуваа дека решението за издржување на затворската казна на Никола Груевски ќе му го дадат денес, понеделник, на судењето за „Титаник”. Но, Груевски веројатно ќе добие уште еден или два дена пред да замине во затворот во Шутка.

Рочиштето за овој случај е одложено за во среда кога судскиот доставувач ќе може да го најде Груевски во судот. Но, судот не мора да чека Груевски да се појави на судење, па оттаму велат дека утре повторно ќе се обидат да го пронајдат Груевски и ако судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението, ќе побара присилно приведување или распишување потерница.

Исто така, се остава и можноста Груевски утре сам да се пријави на затворската порта во затоворт Шутка, за каде што му е упатниот акт.

Во петокот, судските курири во неколку обиди не успеаја да го пронајдат Груевски на адресата на која е пријавено неговото живеалиште. Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ на СЈО, што се однесува на набавката на мерцедесот.