Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го напуштил тренинг кампот на Наполи во Димаро и итно заминал во Рим, пренесуваат италијанските медиуми.
Елмас вчера и официјално стана играч на Наполи и потпиша 5-годишен договор со италијанскиот гигант, а денес требаше да биде неговото официјално претставување.
Меѓутоа, промоцијата е одложена бидејќи Елмас да се упати кон Рим со цел да ги реши бирократските проблеми поврзани со неговиот пасош.
Имено, „наполитанците“ во наредниот период ги очекуваат средби низ Европа, како и кратко патување до САД, а Елмас отпатувал до Рим за да ги добие неопходните визи за да може да биде дел од тимот.
Elif Elmas lascia momentaneamente il ritiro di Dimaro. Il giocatore è a Roma per risolvere problemi burocratici relativi al suo passaporto in vista delle trasferte europee e negli USA. pic.twitter.com/QcCy4L2UPM
— Carlo Alvino (@Carloalvino) July 25, 2019