Одложена имплементацијата на Кембриџ програмата во средното образование


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Владата на вчерашната седница одлучи да биде одложена имплементацијата на Кембриџ програмата во средните училишта.

Задолжено е Министерството за образование и наука да го одложи започнувањето на имплементација на новите наставни планови и програми по наставните предмети математика, физика, хемија и биологија за прва година на гимназиско образование, за прва година на средно стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование во сите средни училишта, соопшти Владата.

Не станува збор за целосно отфрлање на идејата за воведување на Кембриџ програмата во средното образование. Ова значи дека проектот ќе биде одложен, а во меѓувреме ќе бидат направени анализи за неговата потреба.

Новата Влада претходно го укина екстерното тестирање и дисперзираните студии.