Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот Иванов ќе биде одликуван со наградата Неговата светост патријарх московски и на цела Русија Алексеј Втори која се доделува од страна на Меѓународната општествена фондација за единство на православните народи.
Наградата се доделува за извонредна дејност во зацврстување на единството на православните народи и за утврдување и промовирање на христијанските вредности во животот и општеството. Свечената церемонија предвидено е да се одржи на 27 мај, во храмот Христос Спасител во Москва.
Престижната меѓународна награда со која ќе се одликува претседателот Иванов претставува признание на неговите заложби во зајакнување на меѓу-православните односи, улогата на религијата во општеството и воспоставување, односно јакнење на принципите на верска толеранција.
Меѓународната општествена фондација за единство на православните народи е формирана во 1995 година со благослов на патријархот московски и на цела Русија Алексеј Втори.