Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед денес го одигра натпреварот против Њукасл кој беше во центарот на вниманието поради враќањето на Роналдо.
„Црвените ѓаволи“ одиграа фантастичен натпревар, а навивачите посебно ги радуваат двата гола на Кристиано Роналдо. Од самиот старт на натпреварот се гледаше желбата кај Роналдо да се запише во листата на стрелци, а тоа се случи во самиот финиш од полувремето. На пауза Јунајтед замина со предност од 1:0.
Во второто полувреме Њукасл успеа да дојде до изедначување преку Манкиљо, но потоа повторно на сцена стапи Роналдо.
Во 62. минута Роналдо по додавањето од Шо го постигнува вториот гол на натпреварот за 2:1. Натпреварот беше решен кога Бруно Фернандеш на десет минути пред крајот стрелаше за 3:1.
Точка на натпреварот стави Џеси Лингард после една одлична акција во судиското продолжение за конечни 4:1.