Home Спорт Одлични вести: Лазаров останува во тимот за Чешка!

Одлични вести: Лазаров останува во тимот за Чешка!

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалес, не направи измени за денешниот натпревар против Чешка, што значи дека Кире Лазаров останува во тимот и има шанси за настап.

Македонскиот капитен до утрово беше во Загреб на детални прегледи, па иако се уште нема официјални информации, сепак тоа што е во тимот влева надеж дека Лазаров ќе може да се појави на теренот.

Раул Гоналез има право на уште една измена во втората фаза од Европското првенство, доколку го извадеше Кире Лазаров тоа ќе значеше и дефинитивна потврда дека остануваме без капитенот.

Натпреварот против Чешка се игра вечерва од 20:30, а со победа ќе ги задржиме шансите за пласман во полуфинале.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…