Одлична дрвена реплика на Bugatti Centodieci


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


За разлика од оригиналот, кој чини 8 милиони евра, оваа дрвена реплика е многу поевтина, но бара огромна вештина при изработката.

Дрвена реплика на Bugatti не е ништо ново, но ова е дефинитивно првата дрвена реплика на моделот Centodieci. Познавачите од ND – Woodworking повторно завршија одлична работа и расположија барем едно дете на кое му била дадена честа да го вози, но и да седи зад дрвениот волан на репликата.

Уште поимпресивно е кога ќе видите со каква вештина е направено ова Бугати. Конечниот резултат е дополнително зачинет со LED осветлување и фактот дека готовиот производ не е само статичка скулптура. Потребни биле околу 40 часа работа за да се направи ваквата реплика.