Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Клучните хранливи состојки може да го забават влошувањето на состојбата мозокот, па дури и да му ја врати некогашната сила.
Две порции на ден спанаќ или кељ го подмладуваат мозокот и до 11 години, првенствено поради витаминот К.
Во истражувањето се мерени когнитивните способности на старите луѓе, а се покажало дека оние кои редовно јадат зелен лиснат зеленчук, мозокот им работи како да се 11 години помлади.
„Намалувањето на конгнитивните способности кај постарите луѓе е централен проблем кај Алцхајмеровата болест и деменцијата, а првиот пат докажавме дека може да се одложи, па дури и да се предупреди со едноставна и ефтина метода“, рекла проф. Марта Клер Морис.
Витаминот К како додаток во исхраната сам по себе не делувал толку добро, но во лиснатиот зеленчук има добитна комбинација од витамин К, фолна киселина, бета каротен и лутеин, а друг добар извор се агруми (заедничко име за мандарината, лимонот, портокалот и грејфрутот).