Одличен трик: Како да го оладите вашиот омилен пијалок за само три минути


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ако сакате да пиете вино, ќе ве воодушеви овој трик со чија помош можете да го оладите вашиот омилен пијалок за само три минути. Тополото вино по овие жештини сигурно не би ви одговарало, а немате трпение да чекате да се олади? Сомелиерот Брајан Меклитник подели со сите одличен трик.

„Наполнете сад со ладна вода, па додајте лед и сол. Тешко е да се каже колку точно сол, па нека тоа биде произволна количина. Додавањето на солта ја намалува температурата, така што виното многу брзо ќе се олади“, тврди тој.

Овој трик делува така што ја намалува температурата и на смрзнатата вода, што значи дека водата станува ладна како лед, но не се стега.

Знаеме ќе кажете зошто едноставно не сравиме флаша во замрзнувач на неколку минути, но овој трик на познатиот сомелиер е уште подобар бидејќи течноста подобро пренесува топлина, односно ладно отколку што може воздухот.

Така што, ледот треба да ја разлади водата, која ја лади флашата, а со додавањето на солта ќе ја намалите температурата на водата, а ќе избегне нејзино заледување.