Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Експериментот кој го направи екипата од ВВС е навистина парадигматичен бидејќи докажува колку модерното општество станало зависно од стереотипите кои се однесуваат на половите различности.
Не е тоа нешто ново. Всушност, последните години, сепак, сведоци сме на благи прогресивни поместувања кон надминување на разликите, особено кога зборуваме за децата. Но, уште имаме премногу присутни нешта кои упатуваат на нешто што е типично женско или типично машко, иако тоа не им е вродено на нашите деца.
Децата тоа го учат низ растењето и воспитувањето, под влијание на општествените ставови. Машките не сакаат кукли ниту „женски“ оби, додека девојчињата најчесто не сакаат ништо сино, бидејќи тоа е за машки, а автомобилчиња сакаат само потајно.
Дали овие нешта би се промениле доколку возрасните од општеството престанат со пласирање на такви стереотипи, за модерните генерации на деца да имаат избор ослободен од предрасуди? Токму во насока на одговарање на ова прашање е експериментот кој го направи екипата од ВВС.