Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вчера беше Оливија Мун, но и уште пет други актерки кои го обвинија за недолично однесување и сексуално малтретирање режисерот и продуцент Брет Ратнер.
Меѓу нив беше и актерката Наташа Хенстриџ, која го запознала Ратнер кога била 19-годишна манекенка со желба да стане актерка, а тој бил надежен режисер во своите рани 20-ти години кој работел јаки музички спотови.
Кобната вечер се дружеле со пријатели во неговиот стан во Њујорк, заедно гледајќи ТВ. Во еден момент Хенстриџ заспала, а кога се разбудила во станот биле само таа и Ратнер. Како што раскажа актерката за Los Angeles Times, станала и тргнала да си оди дома. Но, Ратнер ја блокирал вратата и не сакал да ја пушти да си замине. Почнал да се самозадоволува, а потоа ја присилил на орален секс.
„Физички ме принуди на тоа. Беше далеку посилен од мене. Во еден момент веќе не можев да се борам и го оставив да прави што сака“, опиша Наташа.
Ратнер, преку својот адвокат Мартин Сингер, ги демантираше ваквите тврдења.
Иако оттогаш и таа стана славна актерка, позната по улогите во Species и The Whole Nine Yards, со језивост гледала како низ годините Ратнер станува еден од најмоќните играчи во Холивуд.
„Го застапувам и бранам господин Ратнер веќе 20 години и ниту една жена не се пожалила дека сексуално ја нападнал или злоупотребил. Ниту една никогаш не побарала никаков финансиски надомест од мојот клиент за такво нешто“, изјави Сингер.
Денес 48-годишниот Ратнер отсекогаш го биел глас на „плејбој“, а го поврзуваа со Париз Хилтон, Линдзи Лохан и Мараја Кери.