Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реално гледано, во светот ретко кој може да си дозволи „ѕвер и убавец“ од калибар на Ферари 458, но поширок круг фанови може да си дозволи копија . Една таква реплика на Ферари се појави во Санкт Петербург.
Иако е копија направена на DIY начин, и покрај очигледните недостатоци, малкумина ќе ги препознаат разликите. Дури и кога таков автомобил е поставен рамо до рамо со оригиналното Ферари. Ова е токму она што го направија на каналот на Илја Стрекала на YouTube.
Репликата е правена цели две години, па дури има и оригинални фарови на предната страна. Линиите на возилото верно го следат оригиналот на сите рамни површини, додека оние со поизразени искривувања покажуваат колку е тешко да се долови оригиналниот изглед. Во секој случај, авторот ги заслужува сите пофалби.