Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес во скопскиот Кривичен судо кривичниот суд во Скопје, со ново судско рочиште продолжи судењето за случајот „Титаник“, на кое беа присутни сите обвинети.
Повтрорно се слушаат снимени разговори после локалните избори во март 2013 година. На една снимка се слуша како Миле Јанакиески бара списоци од избирачки места и анализи на излезеност по изборни циклуси во општина Центар.
Јанакиески контактира со женска личност, и од неа бара списоци на вработени во јавна и државна администрација во Центар. Откако таа вели дека ќе им каже од околу, Миле вели: „Директно оди, како од околу? Војна е во Центар“.
Од „бомбите“ се слуша како Јанакиески освен администрација, бара организирање на фирми, лица кои користеле грантови за самовработување, продуценти, таксисти и други гласачи каде што може да се притиснат. Тој објаснува дека прават бара на 15.000 гласачи кои ќе му дадат поддршка на Тодоровиќ во општина Центар.
Во една од „бомбите“ машки глас од Јанакиески бара шест автобуси гласачи во Кочани од Италија.
Во „Титаник“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.