Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не го оставајте вашето бебето да плаче!
Mary Ainstworth и John Bowlby, научници кои својот живот го посветиле на емоционалниот однос помеѓу детето и неговите родители, укажуваат на важноста од формирање на позитивна врска и однос на доверба помеѓу родителите и нивното бебе.
Според нивната теорија, могу е важно да се разбере плачот на бебето. Тоа сеуште не е доволно софистицирано за да манипулира со вас, па доколку плаче тогаш бебето има потреба од задоволување на некои негови задоволства: храна, менување пелена или само да го осети мирисот на мајката во нејзината прегратка. Мајката треба да ги научи сигналите што и ги праќа бебето и да реагира на нив, со тоа набрзо ќе формираат заедничка симбиоза на разбирање и придобивки на двете страни: задоволно бебе и задоволна мајка.
Но кога зборуваме за емоционалната поврзаност, не треба да мислиме само на мајката. Поврзаноста на таткото со бебето има подеднаква важност. Таткото не треба да чека бебето да порасне, а потоа да си игра со него, нивната поврзаност се гради од првите моменти преку галење, хранење, пеење на песнички, читање на приказни и многу други активности кои ја прават стабилна нивната поврзаност.
Некои родители се задржуваат на ставот дека доколку го подигнеме бебето додека плаче тогаш постои можност да го размазиме. Навистина, доколку го практикуваме тоа по некое време бебето ќе прекини да плаче, но не затоа што ние не сме го размазиле туку затоа што тоа сфатило дека со неговиот плач не го добива вниманието од околината.
Доколку правилно го развиваме емотивен однос родител – дете, тогаш ќе имаме дете кое е сигурно во самото себе си, како и во поддршката и љубовта која ја има од своите родители. Овие деца максимално го искористуваат својот интелектуален потенцијал, развиваат логичко размислување, знаат да се справат со стресни и фрустрирачки ситуации, ја контролираат својата љубомора и развиваат позитивни релации со другите луѓе.
Затоа драги родители ако сакате здрав однос исполнет со доверба и сигурност помеѓу вас и вашето дете, тоа треба да го градите од самото раѓање на детето .