Одговор на бизарната провокација: На полската амбасада во Израел осаман кукаст крст


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После контроверзната и провокативна изјава на полскиот премиер Матеуш Моравјецки кој кажа дека Евреите се виновниците за холокаустот, на зградата на амбасадата на Полска во Израел непознати сторители нацртале кукаст крст Освен свастиката, извршителите со маркер напишале и пцовки и „убиец“.

Никој не ја презема одговорноста за вандалскиот чин, а полицијата отвори истрага. Полска побара од Израел поефикасно да ја заштити нивната амбасада во Тел Авив и да спречи вакви изливи на омраза.

„Министерството за надворешни работи смета дека треба да се спушти температурата на расправата што се води во двете држави, бидејќи ова не личи на дијалог“, изјави портпаролот на полското министерство за надворешни работи Артур Ломпарт.

Полскиот премиер Моравјецки, сакајќи да ја ублажи својата изјава, не сакајќи само долеа масло на огнот кажувајќи дека извршители имало и меѓу Полјаците, самите Евреи, Украинците, Русите, а не само меѓу Германците.

Во Израел таа изјава беше дочекана „на нож“ како обид на Моравјецки да ја префрли вината за холокаустот и врз самите жртви, Евреите. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонски разговор со Моравјецки изразил длабоко незадоволство поради моменталната ситуација.

„Вашите изјави се неприфатливи и нема основа да се споредуваат однесувањето на Полјаците и Евреите за време на холокаустот“, му кажал Нетанјаху на Моравјецки.