Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Швајцарската уметница Мило Моире сака да го привлече вниманието во јавноста врз правата на жените да си ја изразат својата сексуалност и само ти да одлучуваат кој, кога и како ќе ги допира, независно од нивниот стил на облека.
Со такви побуди, излезе на улиците од неколку европски града и се рашета гола по градскиот асфалт, изведувајќи го својот уметнички перформанс со „кутијата со огледала“.
„Што се случува кога женската сексуалност е изложена пред јавноста…(и кога) таа преземе иницијатива, утврдувајќи ги јасните правила на интимна размена“, стои во описот на перформансот.
Во склоп на перформансот, на градите и своето меѓуножје таа стави кутија од огледала, а потоа ги повика луѓето да ја допираат низ отворите од кутијата на интимните места. Во кутијата се наоѓаа камери кои ги снимаа нивните допири. Мило ги бираше мажите и жените кои смееја да пуштат рака, а тоа не смееше да трае подолго од 30 секунди.
„Во Дизелдорф кутијата ја држев на градите, а 40 насто од луѓето кои ме допираа беа жени. Во Амстердам и во Лондон две жени ги ставија рацете во кутијата кај гениталиите“, објаснува Мило.