Одбрани стартните петорки за Ол Старот – го нема Вестбрук!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со гласовите на навивачите, медиумите и кошаркарите денес беа избрани играчите за екипите кои ќе играат на НБА Ол Стар натпреварот во февруари во Њу Орлеанс.

Според гласовите и тоа 50% од навивачите, и по 25% од медиумите и кошаркарите, „петката“ од Запад ја сочиниуваат Стивен Кари (Голден Стејт Вориорс), Џејмс Харден (Хјустон Рокетс), Кевин Дурант (Голден Стејт Вориорс), Кави Леонард (Сан Антонио Спарс) и Ентони Дејвис (Торонто Рапторс).

Во првата „петка“ од Истокот имаше место за Кири Ирвинг (Кливленд Кавалирс), Демар Дерозен (Торонто Рапторс), Џими Батлер (Чикаго Булс), Леброн Џејмс (Кливленд Кавалирс) и Гианис Антетокунмпо (Милвоки Бакс).

Интерсно е што во петката од Запад го нема играчот од Оклахома Сити Тандер Расел Вестбрук, иако оваа сезона до сега само запиша 20 трипл-дабл. Тој во изборот на бекови за Западот се најде на третото место по Кари и Харден.

Имињата на резервните играчи ќе бидат објавени следниот четврток, а ќе ги бираат тренерите од источната и западната конференција.

Ол Стар викендот оваа година ќе се одржува од 17 до 19 февруари во Њу Орлеанс.