Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонската одбојкарска репрезентација денес ги доби противниците за Европското првенство 2019 година кое ќе се одржи во четири земји Франција, Словенија, Белгија и Холандија.
Ждрепката за квалификациите се одржа денеска во Луксембург, а Македонија се најде во групата Ф, заедно со репрезентациите на Унгарија, Украина и Швајцарија.
Од ова Европско првенство бројката на учесници се зголемува од 16 на 24, а со тоа се зголемуваат и шансите за настап на македонската репрезентација.
Во квалификациите има седум групи од кои на Европското првенство ќе одат сите првопласирани и најдобрите пет второпласирани репрезентации.