Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кривичниот суд ги одби барањата на Специјалното јавно обвинителство и не им определи притвор на Никола Груевски, Мартин Протогер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, обвинети во предметот Титаник.
Предлогот за определување мерка притвор против Н.Г., М.П.,К.Б., М.Ј. и Г.Ј. се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност им се определуваат мерки за претпазливост, обврска обвинетиот да се јавува кај надлежно службено лице во суд еднаш неделно, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова и привремено одземање на дипломатска патна исправа“, соопшти Кривичниот суд.
Од Судот соопштија дека предлогот за определување мерки за претпазливост против К.М.,Л.Р.,Р.Д.,Џ.А.,М.Н.,Д.Д., Е.Т., М.П., К.Т.,К.В., С.К., Д.А., Л.Р., Г.Ј., Б.Б.Б. и И.Д., се уважуваат и им се определуваат мерки за претпазливост обврска еднаш неделно да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова и привремено одземање на дипломатска исправа за К.Т., К.В., Б.Б.Б. и И.Д.
Против овие решенија, СЈО има право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд.
СЈО во четвртокот и петокот до одделот Кривично полнолетни достави 6 обвинителни акта од кои за 5 беа доставени предлози за определување мерки за обезбедување присуство и мерки претпазливост против 13 лица, додека во одделението за Организиран криминал и корупција беа доставени вкупно 11 обвинителни акта од кои за 10 беа доставени предлози за определување мерки за обезбедување присуство и мерки претпазливост против 54 лица.
Кривичниот суд ги одби сите барања за притвор, а на обвинетите им определи само мерки на претпазливост: одземање на пасошите и обврска да се јавуваат во суд.
Притвор не им е изречен и на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујовски, шефот на Кабинет на поранешната министерка Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, како и за лицата Н.Н. и Н.Б.
Притвор не добија ниту пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, потоа уредникот во ТВ Сител, Драган Павловиќ Латас, поранешниот вицепремиер, Владимир Пешевски, ексминистерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, началникот во МВР, Ѓоко Поповски, градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски и лицето Л.Л. Ц.