Одбележување на 19-годишнината од бобардирањето на РТС од НАТО


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес се навршуваат 19 години од вооружениот напад на Радио-телевизија Србија од страна на НАТО во 1999 година – годишнина која ќе биде одбележана со полагање на венци и цвеќе на спомненикот „Зошто“.

На комеморацијата ќе присуствуваат и Жени во црно и Жени од заедницата на жртви и преживеани од Босна и Херцеговина од подрачјето на Зворник.

НАТО рано утрото на 23 април 1999 година ја погоди зградата на РТС со два проектила, при што загинаа 16 вработени.

Меѓународната организација за човекови порава „Хјуман рајтс воч“ во 2000 година соопшти дека немало никакво оправдание за бомбардирање на зградата на РТС, додека лидерите на НАТО тврдеа дека нападот бил оправдан.

Поранешнито директор на РТС, Драгољуб Милановиќ во 2002 година е осуден на 10 години затвор бидејќи не ја спровел наредбата на тогашната Сојузна влада за дислоцирање на луѓето и техниката. Негивата казна истече на 1 септември 2012 година.