Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лана Вуд некогаш блескаше во филмот Diamonds are forever, а денес одвај успева да врзе крај со крај.
Некогашната Бонд девојка која блесна во Diamonds are forever, денес живее на улица. Суровите животни околноси целосно ја дотолчија Лана Вуд. Сестрата на славната и покојна Натали Вуд некогаш уживаше голема слава, а денес одвај преживува, живеејќи во мотел од предградие на Лос Анџелес. Собата ја дели со својата ќерка, зетот, трите внучиња и две кучиња.
Новинарската екипа ја посети актерката. За Inside Edition изјави дека на децата им е најтешко бидејќи немаат приватност. На новинарско прашање како се нашла во таква незавидна животна ситуација, одговори дека ѝ се случил реалниот живот. Последниве години Лана живеела со својата ќерка во изнајмена куќа, но кога веќе не можеле да ја плаќаат киријата, морале да се иселат во евтин мотел. Никој не можел да ги забележи дека се нашле на улица.
Лошата финансиска состојба ја направиле уште потешка сметките за лекување на нејзината ќерка која се лекува од Хоџкинова болест. Актерката изјави дека се чувствува како да ѝ пропаднало тлото под нозете и не може да се носи со тешката ситуација. Пријателите и семејството основале донаторска кампања на GoFundMe, каде собраа шест илјади долари за Лана и нејзиното потесно семејство.