Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Независно каква ќе одберете – дали зелена, зрело жолта или темно кафеава, сите фази на зреењето на бананите се пожелни и здрави, а се разликуваат само по вкусот.
Некои преферираат банани во позрела состојба, а други ги сакаат позелени. Вистински одговор за тоа во која состојба бананите се најздрави за јадење нема, а тоа најмногу се гледа во дискусиите на интернет.
Најновата е започната со објава на „Инстаграм“ од страна на една веб-страница што продава кујнски помагала. На сликата што стана хит на интернет се наоѓаат 15 банани во различни фази на зреење, од зелена до кафеава. „Кој број е за вас совршена банана?“, пишува на сликата.
Повеќето луѓе ги избраа броевите од 8 до 10, што значи дека ја избрале позрелата варијанта. На сликата бананите повеќе немаат зелена лушпа, туку само што добиле кафеави точки. Секако, помалку луѓе сакаат зелени, како и доста зрели, како што е бројот 11.
Нутриционистот и автор на повеќе книги за здрава исхрана, Ријана Ламберт, вели дека бананите се извор на калиум, но имаат и други хранливи состојки. Сепак, ги предупредува дијабетичарите и луѓето што тешко го варат овошјето дека кај нив стадиумот на зрелоста на бананата и тоа како може да има влијание.
„Некои луѓе можеби нема да можат да ги јадат многу, на пример, дијабетичарите, поради високото ниво на шеќер. Истражувањето покажа дека кај зелените банани скробот го сочинуваат од 80 до 90 отсто од јаглехидратите, а кај презреаните банани се зголемува нивото на шеќер. Затоа на луѓето што имаат дијабетес им се препорачуваат позелени банани, за скокот на шеќерот во крвта да не биде многу голем“ – вели таа.
Што се однесува до просечните луѓе, позрелите банани полесно се варат.
„Кога скробот ќе се претвори во шеќер, бананата зрее, а истражувањата покажаа дека пожолтите и позрели банани полесно и побрзо се варат“ – додава таа.
Броевите од 1 до 5 се сметаат за зелен плод и треба да се остават уште малку да постојат на собна температура. Ако не сте љубители на помеки банани, тие под броевите од 12 до 15 можете да ги користите за готвење, колачи и слично.
За љубителите на бананите, Ламберт советува да ги јадат оние банани што им имаат најдобар вкус.