Од „All I Want For Christmas Is You“ досега заработи 60 милиони долари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Времето на новогодишните празници е не може да помине без мегапопуларните божиќни хитови, а еден од нив е All I Want For Christmas Is You од 1994 година, која ја отпеа Мараја Кери.

Според истражувањата на списанието The Economist, само од оваа песна заработи скоро 60 милиони долари. Последниве денови оваа песна е најслушана на музичкиот сервис Spotify и е на врвот од листата на 13 најпопуларни божиќни песни. До крајот на ноември оваа година All I Want For Christmas Is You преслушана е 210 милиони пати. Како што може да се претпостави, најмногу се слуша за време на католички Божиќ.

Интересно е тоа дека песната All I Want For Christmas Is You Мараја Кери ја напишала за само 15 минути. Во продукцијата и снимањето помош имала од музичарот и продуцент Валтер Афанасиеф. Песната се најде на првиот божиќен албум на пејачката, Merry Christmas, кој беше објавен на 1 ноември, 1994 година.

Американскиот музички магазин Rolling Stone ја вброи All I Want For Christmas Is You во својот попис на 15 најголеми поп и рок божиќни песни. Во ’90-те години оваа песна беше најслушана и во Велика Британија.

Поради огромното влијание кое Мараја го оствари благодарение на оваа песна, таа е прогласена за кралица на Божиќ. Кери пред 12 години издаде и книга за деца базирана на песната, која успеа да ја продаде во 750.000 примероци.