Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веднаш после Божиќ, од вторник, Комората на трговци ќе започне со издавање на лиценците за продавачите на зелените пазари. Ова го потврди Екрем Долек, прв човек на ресорната комора која ќе биде задолжена за определување на ваквите дозволи според новодонесениот закон за трговија кој беше активиран од 1 јануари, 2019.
За Канал 5 тој објави дека лиценцата од 60 евра не е скапа, како што тврдат некои други и дека препораката од Министерството за економија претходно била таа да изнесува 100 евра. Според Долек, пазарџиитена крајот од секоја година би плаќале десеткратно повеќе доколку би подложеле на редовното оданочување.
Комората на трговци од наплатата на лиценците очекува на крајот од 2019-та да обезбеди еден милион евра, а со дел од тие пари ќе се покријат трошоците.
Долек додаде дека е погрешно пренесена информацијата дека на тезгите на зелените пазари нема да смее да се продава конфекција.