Од вторник ќе не поздрави есенското време


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од вторник идната недела се очекува намалување на температурата, наоблачување проследено со локален пороен дожд, услови за појава на грмежи и засилен северен ветер.

Како што соопшти УХМР, во наредните два дена ќе продолжи периодот на стабилно и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот.

Во среда претпладне во јужните делови се уште ќе има повремен дожд, а дневната температура дополнително ќе опадне за околу пет степени.