Од утре во Македонија почнува третманот со крвна плазма против коронавирусот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако кај еден од двајца пациенти оздравени од Ковид 19 беше потврдено дека може да донира плазма за лекување на болни од Ковид 19, од Клиниката за трансфузиологија најавија дека од утре во Македонија започнува третманот со крвна плазма против коронавирусот.

Кај донорот испитувањата покажале дека има доволно антитела кои би помогнале во лекувањето. Директорот на клиниката Садула Усеини објаснува дека станува збор за процедура која веќе се спроведува и она што е важно да се охрабрат граѓаните кои го прележале Ковид 19 да донираат плазма. Тој лично веќе има донирано и плазма и тромбоцити за пациенти и не само како доктор туку и како човек е среќен што помогнал.

Дарителот на донорот на плазмата треба да ги исполнува следните услови: да има прележано COVID-19, да има два негативни теста во растојание од 24 часа, по инфекцијата, да е минимум 21 ден без симптоми, да се на возраст од над 18 и до 60 години,да се со телесна тежина над 60 кг. Откако ќе се исполнат овие услови кај лицето се испитуваат и антителата.

Плазмата првично ќе ја примаат само пациентите од Клиниката за инфективни болести.

И во болницата „8-ми септември“ од оваа недела треба да почне со лекување на пациентите со озонотерапија. Првиот човек на болницата Костов вели дека од истражувањата што ги добиле од нивните колеги од Италија покажло дека средно и тешко болните со Ковид 19 имале позитивни резулатати во оздравувањето.

И крвната плазма како начин на лекување и озонотерепијата треба да почне да се применуваат од оваа недела.