Од утре се укинува специјалниот полициски час за постарите од 67 и помалите од 18 години


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со одлука на Уставниот суд на денешната седница, од утре престанува да важи уредбата со која се ограничуваше движењето на граѓаните постари од 67 години и од утре тие ќе можат да излегуваат од 5 до 19 часот, како и другите граѓани, а не од 5 до 12 напладне.

Со мнозинство гласови судиите одлучија дека има сомнеж за неуставност на оваа одлука на Владата, овие групи да смеат да се движат само во одредени временски интервали.

Уставниот суд изрече времена забрана и за ограничувањето за лицата помлади од 18 години. И за нив, полицискиот час ќе важи како и за останатите граѓани од 5 до 19 часот, место од 12 до 19 часот. Додека пак постарите од 67 години кои смееја да се движат од 5 наутро до 12 часот на пладне, сега ќе можат да излегуваат надвор до 19 часот.

Уставниот суд, покрај времената забрана за ограничување на движењето за овие две категории, поведе и постапка за тие ограничувања и на некоја од наредните седници ќе се гласа за уставноста на полицискиот час за младите и пензионерите, за кој што мнозинството од уставните судии сметаат дека е дискриминаторски.