Од утре се пуштаат во оптек новите полимерни 10 и 50-денарки


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од вторник ќе бидат воведени полимерни банкноти со апоенска вредност од 10 до 50 денари, а книжните ќе може во рок од една година да се заменат во комерцијалните банки.

Ова очигледно ги натерало Македонците да ги извадат овие банкноти од своите домашни касички додека се уште важат и да ги потрошат што поскоро. Сопственик на неколку маркети во Скопје, како и сопственици на голем ланец на маркети од Куманово информираат дека нивните муштерии деновиве на големо плаќаат токму со овие банкноти, што не било случај претходно.

„Старите“ книжни 10 и 50 денарки велат деновивте ги има во огромен број во касите, бидејќи веорјатно граѓаните сакаат навреме да се ослободат од нив…

Од 15 мај годинава, Република Македонија ќе биде на мапата на државите чијашто централна банка има започнато процес на полимеризација на банкнотите на националната валута. Македонскиот денар ќе се вбројува меѓу валутите чии банкноти со пониска апоенска вредност, коишто се и најзастапени во одвивањето на готовинските трансакции, се изработени на најсовремен начин и од најсовремен материјал.

Инаку, полимерните банкноти почнуваат со употреба во 1988 година и тоа во Австралија, денес се употребуваат во над 20 држави, меѓу кои, покрај Австралија се и Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Малдиви, Брунеи, Романија итн.